Зеленски: Неприфатливо е меѓу петтиот и шестиот пакет мерки да поминат над 50 денови!

Претседателот на Украина – Володимир Зеленски го поздрави шестиот пакет санкции на Европската Унија против Русија, ама сепак го критикуваше одложувањето на одлуката.

„За нас не е прифатлива ситуацијата, меѓу петтиот и шестиот пакет санкции да поминат повеќе од 50 дена“ – рече Зеленски на прес-конференцијата со словачката претседателка – Зузана Чапутова.

На самитот на ЕУ вчера и денеска беше постигнат политички договор за забрана на увоз на руска нафта со бродови до крајот на оваа година, а договорено е и привремено ослободување за нафтата што ја испорачува нафтоводот „Дружба“ за да не останат без сурова нафта преку ноќ оние земји кои немаат излез на море.

Со ова би се намалил извозот на руска сурова нафта во ЕУ за 90%.