Јакимовски: Образованието не е луксуз, тоа е инвестиција во иднината
Во сите училишта во општина Карпош наставата се одвива на најсовремен начин – преку интерактивни смарт табли. Тоа не е луксуз, тоа е инвестиција во иднината на нашите деца, вели кандидатот за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски.

– Со средствата што ги заштедуваме од продажбата на електрична енергија од фотоволтаиците, ќе ги зголемиме стипендиите за талентирани ученици и спортисти.
Ќе обезбедиме бесплатен оброк за децата со попреченост и за оние што изгубиле родител, како и летување надвор од државата – затоа што човечноста е најважниот дел од образованието.
Ќе продолжиме да ги обновуваме училиштата – нови подови, подно греење, топлотни пумпи, нови училници, современи лаборатории и сензорни соби по светски стандарди.
Секој денар што го заштедуваме го инвестираме во децата.
Тие се нашата најголема гордост и нашата највредна инвестиција.
Карпош е општина со најмодерни училишта, најиновативни наставници и најуспешни ученици.
Тоа не се зборови – тоа се резултати.
Карпош – образована општина, силна иднина. – вели Јакимовски.