Лекорну: Повторно ќе поднесам оставка ако повторно не бидат исполнети условите
Себастијан Лекорну, кој во петокот повторно стапи на должност како премиер на Франција, откако на почетокот на неделата поднесе оставка од таа функција, за „Трибин Диманш“ изјави дека „повторно ќе замине доколку условите повторно не бидат исполнети“.

– Не можеме да продолжиме како порано. Ни треба послободна влада, вклучително и во односите со политичките партии, изјави тој, пренесе телевизијата БФМ.
Тој вчера ја изрази својата желба неговата влада да вклучува членови „со партиски сензибилитет, но не и партиски затруени“.
На жестоките критики кои го следеа неговото враќање во Матињон, резиденцијата на францускиот премиер, Лекорну одговори дека „нема впечаток дека имало многу кандидати за таа функција“.
Француската телевизија напомена дека Лекорну веќе следната недела се соочува со гласање за недоверба.