
Трајановски ќе ја сели градската администрација во ГТЦ
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од коалицијата „Искуство за успех“, Александар Трајановски, најави конкретен план за обновување на Централната пошта и нејзина трансформација во Градски инспекторат и Центар за урбано планирање, се вели во соопштението од Коалицијата „Искуство за успех.
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од коалицијата „Искуство за успех“, Александар Трајановски, најави конкретен план за обновување на Централната пошта и нејзина трансформација во Градски инспекторат и Центар за урбано планирање, се вели во соопштението од Коалицијата „Искуство за успех.
„Ги засукуваме ракавите и влегуваме во директна пресметка со дивоградбите и урбаното дивеење во градот Скопје и општините. Повеќе нема да има недопирливи згради, бесправни градби и хаотичен развој. Време е институциите да си ја вратат својата сила,“ изјави Трајановски.
Со овој потег, еден од највпечатливите објекти на скопскиот модернизам ќе добие нова јавна функција со вистинска корист за граѓаните – место каде ќе бидат обединети сите градски инспекции и урбанистички служби, во транспарентен и ефикасен систем.
„Централната Пошта е дел од нашето културно наследство, но и од нашиот градски срам – ја оставивме да пропаѓа. Наместо да ја рушиме, ќе ѝ дадеме нова улога. Таа ќе стане симбол на ред, контрола и паметно урбано управување,“ изјави Трајановски.
Новиот Градски инспекторат ќе обедини повеќе од десет инспекциски служби – урбанистички, градежни, комунални, еколошки и сообраќајни. Просторот ќе биде отворен за јавноста, архитектите и стручната фела, со современи канцеларии, дигитални системи и сали за јавни консултации.
Дел од поширока визија – „Поправка на она што вреди“
Оваа иницијатива е дел од визијата за „поправка на она што вреди“ – враќање на животот во објектите што го обликуваа идентитетот на Скопје. Во истиот план се предвидени и:
· ГТЦ – нов дом на градската администрација, младите и културата,
· Кино Милениум – обновен културен простор и филмски центар,
· МКЦ – проширен центар за современа уметност и независна сцена.
„Скопје не треба да се гради одново – треба да се обнови со памет и љубов. Градот го измалтретиравме доволно, време е да го лекуваме,“ порача Трајановски.