Меџити: Скопската чаршија столб на развојот на економијата, туризмот и културата во Чаир

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити на денешната прес-конференција го презентираше третиот столб на неговата изборна програма, фокусиран на преродбата на Старата скопска чаршија и развојот на туризмот како економски мотор на општината.

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВРЕДИ, Изет Меџити на денешната прес-конференција го презентираше третиот столб на неговата изборна програма, фокусиран на преродбата на Старата скопска чаршија и развојот на туризмот како економски мотор на општината.

Меџити во своето обраќање истакна дека Старата чаршија е многу повеќе од трговски комплекс, како што посочи, таа е „живата историја на Скопје, душата на градот и срцето на Чаир“. Тој нагласи дека неговата цел е ова културно наследство да се трансформира во модерен европски центар на туризмот и културата, преку конкретни проекти и обезбедено финансирање.

-Чаршијата не е само збир на улици и дуќани. Таа е нашата жива историја, духот на Скопје и срцето на Општина Чаир. Наша должност е не само да го сочуваме овој бесценет бисер, туку и да го издигнеме на ниво на врвна европска туристичка атракција, препознатлива во целиот регион. Нашата визија е Чаршијата да стане просперитетен центар на културата, туризмот и економијата, изјави Меџити.

Меџити соопшти дека неговата програма за преродбата на Старата чаршија опфаќа пет клучни развојни чекори – Капитални инвестиции за враќање на автентичниот сјај, Дигитална трансформација за модерен туризам, Стандарди за секој посетител, Заштита на бисерите на Чаршијата и „Круна на преродбата“ – изградба на подземен паркинг под Плоштад „Скендербег“.

Со првиот чекор од програма Капитални инвестиции за враќање на автентичниот сјај се предвидува реставрација на калдрмите, целосна конзервација на улиците „Сарачка“, „Папучиска“, „Петар Михов“, „Самарџиска“ и дел од „Ковачка“. Потенцира дека проектот е одобрен од Владата и се реализира во 2025 година.

-Обнова на фасадите: Продолжуваме со обнова на фасадите на сите преостанати дуќани, зачувувајќи го автентичниот изглед и претворајќи ја Чаршијата во вистинска европска атракција. Модерно улично осветлување: Инвестираме во нова мрежа за осветлување за да ја зголемиме безбедноста и да ја истакнеме убавината на Чаршијата во
вечерните часови, рече тој.

Со Дигиталната трансформација за модерен туризам се предвидува поставување на интерактивни паметни инфо-табли на клучните точки Плоштад Скендербег, Старата Чаршија, Бит Пазар. Меџити потенцира дека тие ќе нудат информации во реално време и бесплатен Wi-Fi за сите посетители. -Дигитална Чаршија: креираме виртуелен музеј и мобилна апликација која ќе служи како модерен дигитален водич со интерактивни мапи и историски податоци за секој објект, рече тој.

Меџити истакна дека ќе нудат стандарди за секој посетител со изградба на модерни, беспрекорно чисти и лесно пристапни јавни тоалети, кои, како што потенцира, се очекува да бидат целосно прилагодени за лица со попреченост и ќе се одржуваат секојдневно, обезбедувајќи достоинствени услови за сите.

Со четвртиот дел од неговата програма заштита на бисерите на Чаршијата се предвидува целосна реставрација и меѓународна промоција на нашите историски обележја: Куршумли ан, Капан ан, Сули ан, Чифте амам, Даут Пашин амам, Шенгул амам и Безистенот.

Со последниот петти чекор од третиот столб на програмата „Круна на преродбата“ се предвидува изградба на подземен паркинг под Плоштад „Скендербег“.

Меџити ја најави и изградбата на двокатен подземен паркинг под Плоштад „Скендербег“, инвестиција од 25 милиони евра, веќе обезбедена од Владата. Проектот, како што рече, ќе го реши проблемот со пристапот и ќе ја претвори оваа зона во модерен урбан центар кој ја спојува историјата со европската иднина.

-Капиталниот проект кој ќе стави печат на оваа преродба е изградбата на новиот Подземен паркинг „Скендербег“. Инвестицијата вредна 25 милиони евра е веќе обезбедена од Владата, отворенa е набавката и се очекува за најмногу месец дена да има камен-темелник за реализација на овој проект за 800 возила. Ова ќе биде модерно јадро и симбол на Чаир, место каде што нашата богата историја гордо ќе се сретне со европската иднина, потенцираше Меџити.

Меџити истакна дека преродбата на Старата чаршија е идентитетски, економски и културен проект, кој ќе го позиционира Чаир како центар на регионалниот туризам.

-Старата Чаршија е нашата гордост, но таа не смее да живее само од минатото. Таа заслужува жива и просперитетна иднина. Оваа програма не е список со желби. Ова е конкретен план, со обезбедени средства и јасни рокови. Со целосна посветеност и во партнерство со вас, граѓаните и еснафите, ќе ја издигнеме Чаршијата во симбол на нашиот културен идентитет и мотор на економскиот развој и туризмот, изјави кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити.