Судење Онкологија: Сопруг на почината пациентка не се приклучи кон кривичен прогон на д-р Васев

Пациентката, според сведочењето на сопругот, почнала да се лекува во 2012 година кај докторката Мери Пешевска, а доктор Никола Васев се понудил да помогне во лекувањето со програма која, како што рече сопругот, била „австриска, експериментална“. Пред вклучувањето во програмата, рече тој, ѝ биле правени анализи, а снимањата биле вршени во приватна институција кај познат рентген-дијагностичар.

Сопруг на почината пациентка на Клиниката за онкологија која боледувала од карцином на дојка, денеска во судница во предметот „Онкологија 1“, сведочеше дека не се приклучува кон кривичен прогон на доктор Никола Васев, првообвинет во предметот, пренесе Слободен печат.

-Доктор Васев беше достапен и коректен кон нас – рече тој во судница каде што сведочеше предложен за сведок од страна на Јавното обвинителство Скопје.

Повеќе тука