ДУИ: Оружениот напад врз нашиот кандидат во Општина Липково е тежок, намерен и морбиден чин
„Длабоко сме загрижени и потресени од вооружениот напад врз нашиот кандидат и носител на советничката листа во Општина Липково, д-р Зеќирија Шаини, кој беше застрелан од маскирано лице и ранет. За среќа, неговиот живот е надвор од опасност, но самиот факт што во сред изборна кампања се случува ваков атентат претставува сериозен аларм за демократијата, јавниот ред и безбедноста во државата. Ова не е обичен инцидент, туку тежок, намерен и морбиден чин кој има за цел да создаде несигурност, страв и тензии, истакна на денешната прес-конференција потпретседателот на ДУИ“, Арбер Адеми.

Поради тоа, остро го осудуваме овој варварски и криминален акт и бараме итна, сериозна и транспарентна реакција од надлежните институции – особено од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство.
Прикривањето на вистината, одвлекувањето на вниманието или релативизирањето на настанот се неприфатливи и опасни.
Додека МВР информира дека „двајца лица во движење пукале со огнено оружје кон едно возило“, првичните факти, сведоштва и снимките од безбедносните камери јасно укажуваат на директен напад од вооружено и маскирано лице кое делувало со јасна намера да му го загрози животот на нашиот кандидат.
Ова не е обичен случај, туку настан со силни индикации за атентат – и мора да се третира како таков.
Нашите барања се јасни и легитимни:
• Да се преземе итна акција, без одложувања и без политички калкулации;
• Да се идентификува и уапси сторителот, како и сите лица вмешани во организирањето на овој напад;
• Јавноста да биде навремено и транспарентно информирана, бидејќи безбедноста на граѓаните е државно, а не партиско прашање.
Овој случај не смее и не може да остане без епилог, а истиот мора да се заснова на факти.
Секое молчење или институционално одолговлекување би претставувало сериозна неодговорност и директен ризик за безбедноста во државата.
Доколку е можно политички кандидат да биде нападнат со огнено оружје во сред изборна кампања, во сред град, тогаш ниту еден граѓанин не може да се чувствува безбеден.
Предупредуваме дека толерирањето на насилството ќе има сериозни последици по јавната безбедност, изборниот процес и угледот на државните институции.
Затоа, упатуваме повик до Владата, МВР и Јавното обвинителство веднаш и сериозно да постапат како гаранти на редот и законот.
Ќе останеме решителни на патот на законитоста, зрелоста и политичкото достоинство.