
Бешлиовска: Медицинските сестри не се вклучени во донесувањето закони
– Ова е преседан кој не можеме да го надминеме. Да не бидете во процес на сопствен закон, да не бидете на јавна расправа, да ве застапуваат формални луѓе заминати во пензија со години, кои на 1-ви си ја добиваат пензијата и им е гајле за сестрите кои гинат внатре во болниците. Доста е веќе, истакна Бешлиовска, реагирајќи што вчера не биле поканети на презентацијата на 12 закони од областа на здравството, што ја организираше Министерството за здравство.
Медицинските сестри не се вклучени во донесувањето на законите, а ги дадоа предлозите, работеа на тоа и беа во работните групи во кабинетите на сите министри за здравство досега, изјави денеска претседателката на Унијата на здруженијата на медицинските сестри, акушерки, стоматолошки сестри предводени од Здружението „За нас“, Гордана Бешлиовска, која рече дека веќе нема да дозволат и натаму да бидат маргинализирани при носењето закони во сопствената држава, ќе извршат меѓународен притисок врз здравствените власти и ќе ги повикаат здруженијата на пациенти да им помогнат.
– Ова е преседан кој не можеме да го надминеме. Да не бидете во процес на сопствен закон, да не бидете на јавна расправа, да ве застапуваат формални луѓе заминати во пензија со години, кои на 1-ви си ја добиваат пензијата и им е гајле за сестрите кои гинат внатре во болниците. Доста е веќе, истакна Бешлиовска, реагирајќи што вчера не биле поканети на презентацијата на 12 закони од областа на здравството, што ја организираше Министерството за здравство.
Таа посочи дека по нивната реакција вчера дека не биле поканети на презентацијата на 12 закони од областа на здравството, денеска биле поканети на средба со министерот за здравство Азир Алиу на која им било кажано дека е направен административен пропуст.
– Не можат медицинските сестри да бидат административен пропуст, ниту трошок, ниту бројки. Дегутантно е да дојдете во ситуација да слушнете ваква информација. Ние ништо не уценуваме. Така беше сфатена нашата реакција, како уцена. Ако досега уценувавме целиот период наназад немаше да дојдеме до ваква маргинализација на сестринската професија. Иако зборуваме за тоа дека Унијата на здруженијата на медицинските сестри го донесе меѓународниот свет на сестринството минатиот викенд на Конгресот во Струга, каде сме гласот во меѓународното креирање на политиките за сестрите, замислете какво ни е чувството кога сте маргинализирани за носењето закони во сопствената држава. А имате сестри кои се на ниво помошник на лекар, нешто што веќе не го признава некоја, рече Бешлиовска.
Нашите медицински сестри, посочи таа, мора да ја имаат вертикалата на кариерниот развој која ја побарува директивата ии во сето она што го уредува образовниот процес на сестрите.
– Незнам по кој пат законот сме го работеле во работни групи, им го доставививме и вчера да имате повикани формални луѓе. Го побарав од министерот и му кажав дека едно од најголемите барања во овој момент е советодавно место на медицинска сестра во Министерството, сектор. Да не слушаме вакви приказни дека правникот пропуштил, тој пропуштил, нас тоа не не интересира. Ние сме најголема бројка во здравствениот систем, што треба да направиме да ги оставиме пациентите во болниците и да излеземе на улица. На културен и професионален начин си ги бараме своите права. Дојдовме во ситуација да не бидеме повикани на јавна расправа, да не сме дел од групите, и да испратиме се што треба и најболното е што се им подготвуваме, се ќе испратиме не само сега на сите и после тоа тие ќе го прифатат во работата, а сестрите повторно маргинализирани. Воопшто не не спомнуваат дека ние го направивме тоа, појасни Бешлиовска.
Таа истакна дека прелеана е чашата и ќе извршат меѓународен притисок врз здравствени власти.
– Ќе ги покренеме и здруженијата на пациентите со кои сме вмрежани бидејќи со сите имаме потпишано договори и треба да ни помогнат. Мора медицинските сестри да го добијат своето место со цел подигнување на вредноста на пациентите. Одредени луѓе кои со години се провлекуваат во работата на овие закони беа повторно таму повикани. Дајте да ги видиме резултатите, да видиме што некој сработил досега. Не може медицинските сестри да прегоруваат во болниците, а ние да имаме незадоволни пациенти. Еден ден сите без исклучок ќе бидеме пациенти. Бараме сериозно образование на сестрите, сериозно пресликување на нивните компетенции во болниците. На ваков начин тоа не може така да биде, медицинските сестри ќе се одлеваат и натаму и ќе дојде време кога нема кој да не лекува и кога нема да има сестри за да се јават на конкурсите, рече Бешлиовска.
Нагласи дека медицинските сестри се незадоволни немаат здрава работна околина, безбедносни услови на работа, вреднување и валоризација на трудот и признавање на образованието. Кој пациент не сака да го лекува високо образувана медицинска сестра, кој пациент сака да кружи околу него сестра и да вика јас имам високо образование, ама ме плаќаат со средно образование, праша Бешлиовска. Таа посочи дека пациентот сака нега и сестрата да ги исполни работните задачи.
Според неа, не може наутро десет пациенти да ги нахрани една медицинска сестра или да ги услужи, а треба три да бидат околу нив во елективните одделенија, не може во интензивните неги наместо на еден пациент да има една сестра, да има една сестра на шест, седум пациенти.
– И сестрите имаат недостатоци, тоа ќе го направи законот, кој го бараме и за законски рамки и обврски кои ќе казнуваат по основ на се или нешто. Можеше ли да ја земат на одговорност сестрата на Онкологија за грешката, не, па таа нема линценца, по кој основ ќе одговара. Дали видовте години наназад нешто да се помрдне за медицинските сестри. Имавме многу средби со овој министер и жал ми е што и самиот тој е затечен и преземал ригорозни мерки кон сите тие кои не си ја извршиле работата како што треба. Донесе одлука веднаш се што е пропуштено во целокупниот процес наназад да се вратат нештата за да може да бидеме вклучени и во сите 12 закони и во наредните закони кои се носат, меѓутоа ние побаравме од него сето тоа да биде преточено преку сектор за сестринство, рече Бешлиовска.
Одговарајќи на новинарско прашње таа истакна дека сме единствената земја во регионот каде нема закон за медицинските сестри, а кога немате закон немате лиценца и немате одговорност, нема основа на што да се одговара.
– Докторите имаат закон за здравствена заштита во кој се опишани по сите основи, а сестрите во само два до три члена, како што е недостоинствено. Или во моментот веднаш се потребни дополнувања на анекси и изменување на Законот за здравствена заштита за структурно да се постават некои работи или законот за сестринството мора да се донесе без оглед дали е донесен законот за лекарите, додаде Бешлиовска.