Хигиената, јавниот превоз и водоводната инфраструктура, во фокусот на Трајановски од коалицијата „Искуство за успех“

Тој појасни дека општините се оние кои најчесто се на удар од граѓаните во однос на хигиената во нивните маала и населби и непосредно тие можат да придонесат за побрзо решавање на овој проблем.

Хигиената, јавниот превоз и застареноста на водоводната инфраструктура се три актуелни теми во моментов во главниот град. „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ треба да бидат дисперзирани кон општините и тие да бидат задолжени за нивното одржување и подигање на сметот од улиците и контејнерите, изјави денеска кандидатот за градоначалник на Град Скопје од коалицијата „Искуство за успех“ Александар Трајановски.

Тој појасни дека општините се оние кои најчесто се на удар од граѓаните во однос на хигиената во нивните маала и населби и непосредно тие можат да придонесат за побрзо решавање на овој проблем.

– И комуналните давачки ќе бидат дисперзирани кон општините и таксата за одржување на зеленилото и зелените површини, изјави Трајановски.

Информира дека предвидува воведување „Градски чат ЏПТ“, софтвер кој граѓаните ќе можат да го прашаат пред да одат во Град Скопје за одредена процедура, кои документи да ги понесат… Најави дека наскоро дел од оваа алатка ќе биде и дигитализација на услугите за да може електронски да се поднесуваат барања и предмети.

Во неговата програма „15 клучни проблеми и решенија на Скопје“ се опфатени и други приоритети како решавање на проблемот со чистиот воздух, уличните кучиња, организиран автобуски превоз, средношколците на Скопје ќе добијат безбеден, бесплатен и организиран автобуски превоз од врата до училиште, ГТЦ како нов дом на Градот, производството на пелети од страна на „ЈП Паркови и зеленило“ за еколошко греење. Провеќе мерки за подобрување на квалитетот на животот на средношколците, најави кандидатот за градоначалник на Град Скопје од коалицијата „Искуство за успех“ Александар Трајановски.