Двајца мажи пронајдени мртви во Скопје и околината, телата дадени на обдукција

Во магацин на фирма во село Чојлија и во дом на подрачјето на Кисела Вода биле пронајдени починати двајца мажи на возраст од 39 и 50 години.

Во магацин на фирма во село Чојлија и во дом на подрачјето на Кисела Вода биле пронајдени починати двајца мажи на возраст од 39 и 50 години. Во двата случаи лекарите констатирале смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телата се дадени на обдукција.

На 19.08.2025 во 17:49 часот во СВР Скопје било пријавено дека во магацин на приватна фирма во с.Чојлија, општина Петровец, бил пронајден починат вработениот М.А.(39) од с.Ржаничино, скопско. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Денеска (20.08.2025) во 01:20 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека во домот во кој престојувал на подрачјето на Кисела Вода бил пронајден починат И.Н.(50) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, стои во соопштението на МВР.