
Планот на Израел да ја преземе контролата врз Газа е опасна ескалација, смета Гутереш
Гутереш ја повикува Владата на Израел да се придржува кон своите обврски според меѓународното право. Тој потсетува дека Меѓународниот суд на правдата, во своето советодавно мислење од 19 јули 2024 година, меѓу другото, изјави дека државата Израел е должна веднаш да ги прекине сите нови активности за населување и да ги евакуира сите доселеници од окупираната палестинска територија и да го прекине своето незаконско присуство на окупираната палестинска територија – која ги опфаќа Газа и Западниот Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим – што е можно побрзо.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги критикуваше коментарите на Израел дека планира да ја преземе контролата врз Газа.
„Сериозно сум вознемирен од одлуката на израелската влада да ‘преземе контрола врз Газа’. Ова претставува опасна ескалација и ризикува продлабочување на веќе катастрофалните последици за милиони Палестинци. Може дополнително да загрози повеќе животи, вклучително и на преостанатите заложници. Го повторувам мојот итен апел за траен прекин на огнот, непречен хуманитарен пристап низ Газа и итно и безусловно ослободување на сите заложници“, пишува Гутереш.
Гутереш ја повикува Владата на Израел да се придржува кон своите обврски според меѓународното право. Тој потсетува дека Меѓународниот суд на правдата, во своето советодавно мислење од 19 јули 2024 година, меѓу другото, изјави дека државата Израел е должна веднаш да ги прекине сите нови активности за населување и да ги евакуира сите доселеници од окупираната палестинска територија и да го прекине своето незаконско присуство на окупираната палестинска територија – која ги опфаќа Газа и Западниот Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим – што е можно побрзо.
„Нема да има одржливо решение за овој конфликт без да се стави крај на оваа незаконска окупација и да се постигне одржливо решение за две држави. Газа е и мора да остане составен дел од палестинската држава“, додава Гутереш.
Израелскиот кабинет за безбедност одобри план за преземање контрола врз Газа за понатамошно проширување на воената офанзива на Израел. Планот предизвика остри критики во таа земја и во странство.
На прашањето вчера за време на гостувањето на „Фокс њуз“ дали Израел ќе го окупира целиот Појас Газа, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече: „Имаме намера да го сториме тоа“.