ВМРО-ДПМНЕ ги поврзаа Заев и Филипче со спорни милионски трансакции

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето на СДСМ, предводена од Зоран Заев, а во времето кога Венко Филипче бил дел од Владата, преку Еуростандард банка биле реализирани сомнителни финансиски трансакции со пари кои, според партијата, потекнувале од Венецуела.

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето на СДСМ, предводена од Зоран Заев, а во времето кога Венко Филипче бил дел од Владата, преку Еуростандард банка биле реализирани сомнителни финансиски трансакции со пари кои, според партијата, потекнувале од Венецуела.

Од партијата тврдат дека првата транша од трансакциите изнесувала 110 милиони евра, додека вкупната сума што требало да биде префрлена преку банката достигнувала 1,6 милијарди евра.

Во соопштението се споменува и македонска компанија која, според наводите на ВМРО-ДПМНЕ, купувала вештачко ѓубриво од фирма во Белорусија. Средствата потоа биле префрлени на сметка во Србија, каде што биле замрзнати по барање на обвинителството.

ВМРО-ДПМНЕ прави поврзаност и со, како што наведува, доделувањето пасоши и тендери на бизнисмени од странство во периодот на претходната власт, обвинувајќи дека нивните деловни интереси биле привилегирани.

Партијата повторно ги отвора и прашањата за кредитите што преку Еуростандард банка ги добивале компании поврзани со семејството Заеви и нивни деловни партнери.

Во тој контекст ги посочува „Сара инженеринг“, „Глобал медија груп“ и „Тритерол“, за кои тврди дека добиле милионски кредити што подоцна не биле вратени.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваат СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче за политичка одговорност и бараат одговори за наведените финансиски трансакции и деловни релации.

„Македонија не смее да биде држава во која политичката моќ служи за заштита на сомнителни бизнис-интереси“, наведуваат од партијата.