Кристи Мекормик предложена за нова амбасадорка на САД во Македонија

Мекормик била членка на американската Комисија за помош при изборите (Election Assistance Commission – EAC) од декември 2014 до јули 2026 година. Станува збор за независна федерална институција што им обезбедува поддршка на изборните администрации и работи на стандарди за гласачките системи и спроведувањето на изборите.

Претседателот на САД – Доналд Трамп ја номинираше Кристи Мекормик за нова амбасадорка во Македонија, соопшти Белата куќа.

Мекормик е правник и експерт за изборно законодавство. Во својата кариера работела во американската амбасада во Ирак.

Номинацијата е објавена на 9 ноември 2026 година, а за нејзиното именување треба да одлучува американскиот Сенат.

Мекормик била членка на американската Комисија за помош при изборите (Election Assistance Commission – EAC) од декември 2014 до јули 2026 година. Станува збор за независна федерална институција што им обезбедува поддршка на изборните администрации и работи на стандарди за гласачките системи и спроведувањето на изборите.

Во текот на мандатот повеќепати претседавала со Комисијата и учествувала во активности поврзани со изборната безбедност, пристапноста на гласањето и унапредувањето на изборната администрација.

Пред тоа работела во американското Министерство за правда, во Одделот за граѓански права, каде што се занимавала со спроведување на федералните изборни закони и случаи поврзани со дискриминација при гласањето.

Меѓу 2009 и 2010 година била ангажирана во американската амбасада во Багдад, како висок правен советник и вршител на должност заменик-координатор за владеење на правото. Таму работела и на прашања поврзани со изборните процеси во Ирак.