„Процесот на пристапување на Украина кон ЕУ не може да се забрза, независно руската инвазијата“.
Ова денеска го изјави германскиот канцелар Олаф Шолц пред пратениците во Бундестагот. Тој додаде дека Унијата мора да изнајде „брз и прагматичен“ начин како да му помогне на Киев.
„Нема кратенки на патот кон ЕУ” – рече Шолц и додаде дека исклучок за Украина би бил неправеден кон земјите од Западен Балкан кои исто така бараат членство.
„Процесот на пристапување не е само прашање на месеци или години” – рече тој.