Вархеји во Софија на средба со Радев и Петков

Оливер Вархеји – комесарот на ЕУ за соседство и проширување денеска е во работна посета на Бугарија, јавија утрово бугарските медиуми.

Според програмата, Вархеји во Софија ќе има средби со претседателот Румен Радев, со премиерот Кирил Петков и со министерката за надворешни работи – Теодора Генчовска.

Минатата недела Радев рече дека се зголемува притисокот од членките на ЕУ брз Бугарија за источниот сосед да го тргне ветото кон Македонија.