Нов гаф на Буш – наместо инвазија на Украина, излезе дека е нападнат Ирак

Екс-претседателот на САД – Џорџ Буш рече дека инвазијата врз Ирак е брутална и неоправдана. Кратко потоа се поправи, мислел на руската инвазија врз Украина.
Овој негов гаф се случи за време на говорот во Далас, во кој Буш ја критикуваше руската политика.

„Резултатот (на таквиот систем во Русија) е недостигот на контрола и рамнотежа, што му овозможи на еден човек да изврши целосно неоправдана и брутална инвазија на Ирак“, рече Буш, а потоа се поправи: „Мислам, Украина“.

САД ја предводеа инвазијата на Ирак во 2003 година, кога Буш беше претседател, со изговор дека земјата поседува оружје за масовно уништување, кое, сепак, никогаш не беше пронајдено.