Шарл Мишел – претседателот на Европскиот совет денеска доаѓа во Белград на разговор со претседателот на Србија – Александар Вучиќ.
Мишел со Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ ќе присуствува на потпишувањето на заедничкиот проект за поддршка на истражувањето, иновациите и претприемништвото во Србија, финансиран од ЕУ која на Србија ќе и донира 41,5 милиони евра, а Светска банка ќе позајми 43 милиони евра.
Мишел од Белград ќе отпатува за БиХ, а потоа за Албанија.
Пред посетата високиот ЕУ претставник нагласи дека процесот на проширување на ЕУ кон Западен Балкан треба да биде поефикасен и подинамичен и оцени дека „решението може да лежи во прогресивна и постепена интеграција, веќе во текот на пристапниот процес“.