Во САД тројно е зголемен бројот на Ковид позитивни

Во САД има зголемување на бројот на случаи на Ковид-19 во текот на изминатиот месец и постојан пораст во изминатите 5 недели. Ова го изјави Рошел Валенски, директорка на американскиот Центар за контрола и превенција на болести.

Седумдневната инциденца се зголеми за 26 отсто во однос на претходната недела, а просечниот број на хоспитализирани дневно се зголемил на 3.000, што е за 19 отсто повеќе од претходната недела.

Според неа, просечно 275 луѓе умираат дневно како последица од Ковид-19.

Бројот на случаи во Северна и Јужна Америка се зголеми за 27,2 отсто во споредба со претходната недела.