Бајден ќе се сретне со лидерите на Шведска и на Финска

Џо Бајден – претседателот на САД ќе има средба со лидерите на Шведска и Финска за земјата да покаже поддршка, откако двете земји поднесоа барања за влез во НАТО Алијансата.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа – Џејк Саливан појасни дека на средбата на Бајден со Саули Нинисто и Магдалена Андерсон во Вашингтон ќе се „координираат за патот напред“ и ќе „споредат белешки“ околу потегот.

Барањата на Шведска и Финска за влез во НАТО, следуваат како одговор на руската инвазија на Украина.