Две нови фестивалски селекции во Италија за филмот „Јон Вардар против Галаксијата“
Македонскиот долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ има две нови селекции во Италија. Филмот ќе биде прикажан утре во главната програма на Ariano International Film Festival и во октомври на International Tour Film Festival во Рим.

Како што соопшти режисерот Гоце Цветановски, целта на двата фестивала е да ја промовираат кинематографската уметност преку поттикнување на иновативни стилски пристапи и културна размена помеѓу различни народи и култури.
Особено внимание, вели Цветановски, се посветува на дела кои ја комбинираат уметноста со забава, едукација и современа визуелна експресија.
-Многу сум среќен што филмот продолжува да живее на фестивали низ Европа и светот. Италија е посебно значајна за мене, бидејќи е земја со богата традиција во анимацијата и филмската уметност. Овие селекции се уште една потврда дека и од малите земји можат да дојдат големи авантури, истакнува режисерот.
Овие нови селекции доаѓаат по италијанската премиера во мај на Cartoons on the Bay, најголемиот италијански фестивал за анимација, каде што „Јон Вардар против Галаксијата“ се натпреваруваше за Pulcinella Award, една од најпрестижните европски награди во областа на анимацијата.