Путин: Енергетската политика на ЕУ е економско самоубиство!

„Енергетската политика на земјите од Европската унија подготвувајќи се за воведување на шестиот пакет антируски санкции поради воената интервенција на Москва во Украина и најавите за постепено целосно откажување од руските енергенси претставува економско самоубиство“.

Ова е оценката на рускиот претседател Владимир Путин.

„Очигледно, покрај руските енергетски ресурси, и можноста за зголемување на економските активности ќе ја напушти Европа. Таквото економско самозапалување, самоубиство е, се разбира, внатрешна работа на европските земји. Ние мораме да дејствуваме прагматично, тргнувајќи првенствено од сопствените економски интереси“ – изјави Путин.

Тој оцени дека зголемувањето на цените на енергенсите поради обидите од пазарите да бидат избркани руските нафта и гас, ќе ја намали конкурентноста на индустриите во Европската Унија.

„Отфрлањето на руските енергетски ресурси значи дека Европа системски, во долгорочна перспектива, станува регион со највисоки трошоци за енергенси во светот. Да, секако, цените ќе растат овде, и цените на ресурсите ќе одат на тие цени, но нема да биде возможно суштински да се измени ситуацијата“, смета Путин.