Ѓукановиќ: Голем дел од проблемите на Балканот се поради конфузијата во ЕУ

Претседателот на Црна Гора – Мило Ѓукановиќ во Берлин изјави дека голем дел од проблемите на Западен Балкан се должи на конфузијата во односите на Европската Унија.

„Мислам дека оваа конфузија беше предизвикана од многу шарени пораки, кои со години доаѓаат од разни адреси“, изјавил Ѓукановиќ по разговорот со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.

„Европа треба да го потврди она што го кажа во изминатите 30 години кога реализира неколку бранови на проширување: „А тоа е дека секоја европска земја, вклучително и секоја земја од Западен Балкан, има свое место во ЕУ и дека Европа ја продолжува политиката за проширување, што значи дека секој ќе си го добие своето место во зависност од способноста да спроведе реформи и да достигне стандарди. Ништо освен тоа“, нагласил претседателот на Црна Гора.