Силна експлозија пред зграда во Солун

Две лица, кои случајно се нашле во близина, се полесно повредени од експлозијата на бомба поставена пред станбена зграда во источното предградие во Солун, во која според грчките медиуми живее затворски службеник, јави дописничката на МИА од Атина.

Експлозијата се случила кусо по 2 часот, а била толку силна што ја слушнале и на оддалеченост од еден километар.

Според државната телевизија ЕРТ, во моментот на експлозијата, девојче и момче минувале покрај зградата, враќајќи се од матурска забава и полесно се повредени од стаклото од скршените прозорци.

Истрагата за бомбата, што како што пишуваат медиумите во Грција, содржела најмалку три килограми експлозивен материјал, ја презела Дирекцијата организиран криминал.

Експлозивниот механизам, наводно бил поставен во ископана дупка кај лифтот, токму под станот на затворскиот службеник.

Предизвикана е материјална штета на влезот на зградата, се скршиле прозорците од становите, како и на автомобилите паркирани во близина, но и на продавници што се во околината.