(Видео) Зафиров: Криминалот и политиката се испреплетени – народот е гневен

🔴„Каква ни е мислата – таков ни е животот“, вели психологот и фитнес инструктор Тоше Зафиров во отворено интервју за магазинот „Трилинг“, говорејќи за менталната состојба на македонското општество, политичката поделба, растот на агресијата и несреќата во која, како што вели, живее народот. 🔴Во искрениот разговор, Зафиров отвора прашања за корупцијата, криминалот, безбедносниот систем, како и за конкретни случаи што ја интригираа јавноста – од бегството на Никола Груевски до монструозното убиство на малолетната Вања. Дел од разговорот тој посветува и на сопствениот личен немир, евентуалното заминување од Македонија и потребата да се живее во средина каде се зборува за „бизнис, а не политика“.

„Каква ни е мислата – таков ни е животот“, вели психологот и фитнес инструктор Тоше Зафиров во отворено интервју за магазинот „Трилинг“, говорејќи за менталната состојба на македонското општество, политичката поделба, растот на агресијата и несреќата во која, како што вели, живее народот.

Во искрениот разговор, Зафиров отвора прашања за корупцијата, криминалот, безбедносниот систем, како и за конкретни случаи што ја интригираа јавноста – од бегството на Никола Груевски до монструозното убиство на малолетната Вања. Дел од разговорот тој посветува и на сопствениот личен немир, евентуалното заминување од Македонија и потребата да се живее во средина каде се зборува за „бизнис, а не политика“.

„Тажно е што се случува со оваа држава, сепак сме една мала држава, прекрасна држава а толку несреќен народ. Политичките поделби навистина направија да има многу гнев во оваа држава. Оваа секојдневна политика многу влијае врз луѓето и мислам дека самиот народ е несреќен, изјави во магазинот „Трилинг“ бодибилдерот, фитнес инструктор и дипломираниот психолог Тоше Зафиров.

Говорејќи за тоа зошто се почесто сме сведоци на насилство, дивеење, агресија меѓу граѓаните и кои се причините за се почестите инциденти, Зафиров смета дека самата политика го наметнува тоа.

„Јас често правам споредба Дубаи – Македонија. Скоро бев таму. Таму цело време се разговара за бизнис, иновации, стратегија што да створиш, што да направиш нешто подобро за себе. Овде гледам, со кога и да седнам, се разговара за политика, политичари, идентитет, за име, за Бугарија, за Грција, немаме никаков просперитет овде помеѓу себе за да разговараме за нешто добро и јас често знам да кажам – каква ни е мислата таков ни е животот. Ние овде немаме добра мисла помеѓу самите себе. Ние се труеме меѓусебно а сето тоа почнува некаде одозгора. Мислам дека мора да се направат некакви промени во сето тоа за да може тој ментален склоп на народот да биде многу попозитивен, бидејќи сето она негативно влече негативни последици позади себе.

Фото: Трилинг / Тоше Зафиров

„Криминалот и политиката на едно место“.

За тоа кој го контролира македонското подземје Зафиров вели дека бил во безбедносните служби како обезбедување на премиерот од 2003 до 2010 и се занимавал со сосема нешто друго, она што е околу безбедноста на тогашниот премиер.

„Тоа се теми за кои не сум толку релевантен да ги одговорам, дали има вмешаност и на политичари или не, но се гледа колку одредени структури, колку банди се затворени само последниве година-две, а од друга страна гледаме колку дрога има на улиците. Така што мислам дека е избегана контролата и од сето тоа. Се работи, се труди, гледам дека стварно има многу напредок во сето тоа но мислам дека треба уште многу да се работи“, вели Зафиров.

Говорејќи за тоа дали безбедносните структури се во дослух со подземјето, криминалците, Зафиров вели дека не би можел да каже дека препознава замешателство, бидејќи сме сведоци дека многумина се веќе зад решетки а и многумина што имале пресметки повеќе не се меѓу живите.

„Но секогаш имало и ќе има инволвирани од власта, но мислам дека моменталниот министер за внатрешни работи и целата таа екипа во министерството работат против тоа, да го сузбијат колку се може, но сепак криминалците некогаш се и чекор пред нив. А како што кажав, секогаш биле и ќе има инволвирани и луѓе коишто се корумпирани.

За тоа дали трагедијата во Кочани е рефлексија на руинираниот систем, Зафиров смета дека се додека не ги тргнеме партиските стеги од нас, додека не станеме вистински професионалци на вистински позиции ќе биде така.

„Ако го земам за пример времето на Груевски, знам дека тој донесе многу наши луѓе од Америка, кои таму студираа, беа вицепремиери или слично и навистина имаа резултати. И мислам дека такви луѓе треба да се донесат и од такви луѓе да гледаме, да учиме и да работиме. Партиските стеги веќе еднаш треба да се тргнат за да ја ослободиме оваа држава и тогаш би била многу попродуктивна и ефективна од сега“, додава Зафиров.

Говорејќи за бегството на екс премиерот и неговиот личен став дали Груевски можел тоа да го направи без логистика од безбедносните структури, Зафиров вели дека тоа морало да го има.

„Збориме за човек кој што бил премиер и напушта држава. Ние знаеме дека обичен човек не може да напушти држава без логистичка поддршка, а не пак премиер. Така што тоа сигурно е добро испланирано. Деталите не би ги знаел и не би сакал да навлегувам во тоа, но сигурен сум дека не бил спакуван во багажник и пренесен преку граница.

-Познавајќи го премиерот Груевски тој не би си дозволил да биде спакуван во некаков гепек па да биде така возен, бидејќи тоа е под неговото достоинство“, вели Зафиров.

Фото: Трилинг / Тоше Зафиров

Околу Љупчо Палевски – Палчо и соучесниците осудени на доживотен затвор за ликвидацијата на малолетната Вања и велешанецот Жежовски и дали ваков грозоморен чин може да се реализира без логистика од полициски па и безбедносни структури и како е возможно да се случи вакво грабнување и ниедна камера да не го детектира овој чин, Зафиров вели дека се работи за психопатски чин и не сака и верува дека некој од безбедносните структури би им помогнал на вакви психопати да киднапираат и убијат малолетно девојче.

„Овие не се за доживотно, овие се за многу построго од тоа но немаме закони за тоа и навистина е жално што ова се случува во нашата држава, бидејќи сепак живеат дечиња коишто го гледаат ова што се случува. Пак ќе кажам – не сакам да верувам дека некој би помогнал за сето ова. Ова е група на тешки психопати кои оперирале, но не требало да се дозволи оваа група да оперира во нашата држава. Сепак безбедносните служби треба да препознаат вакви психопатски групи и навреме да можат да ги спречат“, вели Зафиров.

За тоа дали навистина размислува да се отсели од државата Зафиров вели дека сака да оди некаде да си го најде мирот.

„Од друга страна сакам топли краишта и кога е овде зима или е ладно, сакам некое место каде што е топло, каде фитнесот е на на друго ниво, каде бизнисот е на друга гранка, каде што ќе имам ‘растеретување’ од ова секојдневие. Како и што пред малку спомнавме, овде со кој и да седнеме да збориме се збори само за политика, политика и политика. Кога бев во Дубаи се збори за бизнис, бизнис и бизнис, а јас тоа го сакам, во тоа уживам, сакам да го работам, сакам да се надоградувам, да се дружам со успешни луѓе, бидејќи знам дека со колку поуспешни од мене се дружам толку поуспешен и јас ќе бидам. Тоа ми е идејата и сакам оној активен, убав, функционален живот максимално да го искористам, вели Зафиров.

Целото интервју со Зафиров погледнете го видеото.