Најмалку четворица загинати и дваесетина повредени е епологот од страшното невреме што го зафати Истанбул. Меѓу загинатите, според првичните информации, има и странски државјанин
Силниот ветер корнел дрвја, а се превртеле и три камиони.
Најмалку шест авиони на „Туркиш ерлајнс“, што требало да слетаат во Истанбул, се пренасочени кон Анкара и Измир, јавува агенцијата Анадолија.
Најмалку едно лице загина денеска во силно невреме што го погоди Истанбул и предизвика хаос во петнаесетмилионскиот град, а има повредени и во други делови на Турција.
Една жена загинала во квартот Есенјурт кога врз неа и нејзиното дете се урнал дел од покрив.
Силниот ветер урнал саат-кула, а Босфорскиот теснец е затворен за поморски сообраќај.