Таравари: И да влезе Алтернатива во Владата, таа не е одржлива, има нестабилност во СДСМ

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари кој е генералниот секретар на опозициската Алијанса за Албанците денеска по средбата со амбасадорот на ОБСЕ, Клеменс Која рече дека доколку Алтернатива прифати да прифати да влезе во новиот состав на Владата, тоа нема да трае долго.

„Пред година и пол излеговме со господинот Гаши на парламентарни избори и добивме гласови од граѓаните против политиките на ДУИ. Договорот беше потпишан за четири години и секако не мора да се придржуваат до тоа. Како ќе одлучат, така. Ние ќе ја почитуваме нивната одлука. Доколку влезат во Влада, таа Влада нема да биде одржлива, бидејќи има нестабилност во СДСМ. Таму владеат фракции и има многу неисполнети ветувања кон коалициските партнери. Сметам, дека наредната 2022-ра година ќе биде изборна“ – рече Арбен Таравари.

Тој е уверен дека Македонија на 14. идниот месец нема да добие датум за почеток на преговорите за влез во ЕУ. Тој напомена дека според информациите од Брисел, датум е можен дури во 2023. година