Вучиќ: Надворешниот фактор беше пресуден за уништувањето на Југославија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на гостувањето на ТВПинк, денеска на 29. ноември, денот кој се сметал за роденден на СФРЈ рече дека „Надворешниот фактор е клучот за уништување на Југославија“.

Вучиќ порача „важно да се слушаме дури и кога размислуваме поинаку“.

„Кога го почнавме дијалогот, сите имаа можност, како и денес, да го кажат своето мислење. Знам дека не бевме `бели ангели`, но мислам дека надворешниот фактор беше пресуден за уништувањето на Југославија. Неодговорно е се да му се припишува на Милошевиќ“ рече српскиот претседател.