
Шилегов: Немаше никаква сообраќајка, возилото заглави во кал, а злобните коментатори мене ќе ме направат посилен
Поранешниот градоначалник на Скопје – Петре Шилегов утринава на Фејсбук одговори за виралната `галама` што се се крена синоќа во врска со наводна сообраќајна несреќа во која учествувал тој со неговото возило.
Поранешниот градоначалник на Скопје – Петре Шилегов утринава на Фејсбук одговори за виралната `галама` што се се крена синоќа во врска со наводна сообраќајна несреќа во која учествувал тој со неговото возило.
„Немаше никаква сообраќајна незгода. Возилото заглави во калта на раскопаните тротоари и мораше да биде извлечено бидејќи шлајфуваше (веројатно и тогаш е направена снимката). Благодарение на пријатели и случајни минувачи за помалку од 10 минути го извадивме возилото и си појдовме на кафе. Убавиот дел од оваа приказна е дека повторно се убедив дека без оглед кои сме и што сме, солидарноста и човечноста се сила која што помага и победува“ – пишува Шилегов на социјалната мрежа.
Тој искажа голема благодарност на луѓето кои помогнаа, но и на луѓето кои беа загрижени од вака пренесената вест.
„Бидејќи немаше никаква сообраќајна незгода, апсолутно нема потреба од било чија загриженост. Добар сум, ништо не ми е, а нормално ни возилото не е оштетено (ќе треба да се измие од калта). За злобните и тенденциозни коментатори: вашата злоба и вашата љубомора, како и секогаш до сега, мене ќе ме направат посилен, а вас уште понесреќни. Ќе ве изеде љубомората. Тоа што ќе опцуете, ќе се ситите, ќе пишувате „мртов пијан бил”, нема да ја смени вашата реалност, ниту пак сликата што утрово ќе си ја видите во вашите огледала: несреќни, злобни, љубоморни на другите поуспешни од вас, исфрустрирани. Помогнете си себе си на начин што ќе почнете нешто и да работите во животот, освен да „мудрувате” на ФБ, и да, пробајте ментално да се надминете и да почнете да сакате, не да мразите. Туѓата среќа или несреќа, вас не ве прави ниту попаметни, ниту побогати, ниту пак посреќни. Прстот на чело драги злобници, почнете да работите на себе, само така ќе станете и подобри и посреќни луѓе“ се вели во постот на Шилегов.