Рубио: Заврши ерата на владина неефикасност, УСАИД е укината

Американскиот државен секретар Марко Рубио официјално го објави укинувањето на Агенцијата на САД за меѓународна развојна помош (УСАИД), по брзата одлука за затворање на оваа владина агенција откако претседателот Доналд Трамп се врати во Белата куќа.

Затворањето на УСАИД доаѓа по студија објавена вчера во медицинското списание Лансет, која предвидува дека укинувањето на американската помош може да предизвика дополнителни 14 милиони смртни случаи ширум светот, вклучително и 4,5 милиони деца, наведува „Хил“.

Администрацијата на Трамп го бранеше затворањето на УСАИД, наведувајќи дека со тоа се елиминираат „расфрлањето, измамите и злоупотребите“ и се пренасочуваат американските средства кон програми со конкретни резултати.

Рубио изјави дека децениската американска надворешна помош не донела резултати за САД. „Развојните цели ретко биле постигнати, нестабилноста често се влошувала, а антиамериканските чувства само растеле“, напиша денеска Рубио во блог-објава.

„Ерата на владино санкционирана неефикасност официјално заврши“, додаде тој.