
Ако има реформи, од 1 јануари 2026 ќе има бесплатен роаминг за Западен Балкан со ЕУ, најави Кос
Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, на вчерашната прес-конференција во Скоје ја најави и можноста за промена на законите, со цел да се спроведат повеќе реформи, при што ќе се овозможи бесплатен роаминг за земјите од Западен Балкан од 1 јануари 2026 година.
Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, на вчерашната прес-конференција во Скоје ја најави и можноста за промена на законите, со цел да се спроведат повеќе реформи, при што ќе се овозможи бесплатен роаминг за земјите од Западен Балкан од 1 јануари 2026 година.
„Сфатив дека сите сме многу сакаме да се натпреваруваме и сигурна сум дека Северна Македонија ќе покаже резултати. Ова е нешто многу важно, ќе покажете дека вашите луѓе ќе можат да комуницираат преку телефон, без дополнителни трошоци. Може многу да постигнеме заедно и заедно со мојот тим и заедно со европската делегација овде во Скопје“, рече Кос.
Ваквата заложба се наведува и во заедничката изјава. „Потврдувајќи го значителното намалување на цените донесено со доброволниот договор меѓу 38 телекомуникациски оператори од ЕУ и ЗБ6, очекуваме да се ангажираме со Комисијата за брзо наоѓање законско решение за проширување на режимот на ЕУ „роаминг како дома“ на Западен Балкан“, се наведува во документот.
Во него се поздравува и повикот за предлози за иницијативата WiFi4WB, која ќе го зголеми распоредувањето на широкопојасен пристап до интернет во јавните згради и урбаните јавни простори и руралните области (сиви зони), со што ќе се подобри поврзаноста во регионот, овозможувајќи им на луѓето поефективно да комуницираат, учат и работат онлајн. Ова е дел од поширок план за забрзување на дигиталната транзиција во регионот, со што ќе се промовира интеграцијата на Западен Балкан во Дигиталниот единствен пазар на ЕУ. За таа цел ќе се организира Дигитален самит за Западен Балкан, во соработка со Советот за регионална соработка, во Скопјe во октомври 2025 година.
Шесте земји ја потврдија и посветеноста кон интеграцијата во СЕПА, нагласувајќи дека нивната заедничка цел е активно да се применуваат шемите за плаќање и СЕПА да стане оперативно подготвена што е можно поскоро. Исто така дадоа поддршка на централните банки да постигнат целосна интеграција во системот за инстантно плаќање TARGET (TIPS) на Европската централна банка. Следниот состанок на лидерите на ЗБ6 за Планот за раст ќе се одржи во Тирана, Албанија.