Мицкоски: Не сум задоволен од испораката на правдата на судството и обвинителството
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата Објектив на Македонската телевизија вели дека не сака да ја коментира истрагата за трагедијата во Кочани за да не влијае врз истата, но посочи дека нема да запре да ја критикува работата на судиите и обвинителите, бидејќи како што рече не е задоволен од испораката на правдата.

Јас не би давал квалификација колку сум задоволен или не сум задоволен во овој момент, од проста причина дека била каква моја квалификација може да биде сфатена како некакво влијание. Сепак кога претседател на Влада ќе даде некаква квалификација за одреден случај тоа може да се смета како влијание. Но, не ми пречи да го сфатат она мое укорување во мојот вчерашен говор кога кажав дека не сум задоволен од брзината на испорака на правдата во обвинителството и судството. Затоа што тоа е генерална перцепција и генерално чувство кај граѓаните. И тоа е се уште слабата страна на ова наше општество, а тоа е спората правда и чувство дека нема правда за сите подеднакво. И тука треба сите заедно да работиме, дециден е Мицкоски.