ЕК уплати 51,7 милиони евра поволни заеми во државниот буџет на Србија
Европската комисија денеска уплати 51,7 милиони евра поволни заеми во државниот буџет на Србија, што одговара на дел од претфинансирањето предвидено во Планот за раст за Западен Балкан, соопшти Делегацијата на ЕУ во Србија.

Се наведува дека дополнителни 59 милиони евра претфинансирање, во форма на грантови и заеми, ќе бидат насочени преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) за подобрување на инфраструктурата низ целата земја.
Тоа претфинансирање претставува 7 проценти од вкупната финансиска поддршка наменета за Србија во рамките на Планот за раст на ЕУ.
Исплатата на претфинансирањето следи откако српскиот Парламент ќе го ратификува договорот за инструментот и договорот за заем во рамките на Инструментот за реформи и развој.