Цената на нафтата падна под 107 долари за барел
Поради стравувањата од рецесија цените на нафтата денеска паднаа под 107 долари за барел на меѓународните пазари.
На лондонскиот пазар цената на барелот падна за 89 центи во однос на претходното затворање, на 106,69 долари.
На американскиот пазар со барелот се тргуваше за 30 центи пониско, по 105,41 долари.
Трговците неделава се фокусираа на зголемување на клучните каматни стапки, зајакнување на американскиот долар и инфлација, стравувајќи од рецесија.
Долготрајните блокади поради Ковид-19 на најголемиот светски увозник на сурова нафта – Кина извршија притисок врз нафтените пазари.