Тема на разговорите меѓу МТСП и СОНК биле барањата кои се дел од одлуката за штрајк на вработените во градинките и прашањето за платите на вработените.
Министерката за труд и социјална политика – Јованка Тренчевска и претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) – Јаким Неделков разговарале и за формирање работна група за нов колективен договор за предучилишните установи, чија важност истекува со јуни.
„Новиот колективен договор треба да понуди нови решенија кои ќе значат унапредување на предучилишното згрижување и воспитување. На состанокот беше договорено дека дијалогот продолжува и воедно се договори следна средба на 17 мај со цел изнаоѓање решенија во рамки на позитивните законски прописи“ – соопштија од МТСП по средбата.
Следна рунда преговори е договорена за наредната недела, на 17. Мај, а на неа ќе се продолжи со дијалогот за да се најде решение кое ќе биде во рамки на законските прописи.