Владимир Путин – претседателот на Русија денеска изјави дека западните санкции кон Москва им нанесуваат штета на економиите на земјите кои ги воведуваат и предизвикуваат глобална криза.
„Овие санкции во голема мера предизвикуваат глобална криза. Нивните автори, водени од кусогледи надуени политички амбиции, русофобија, во поголема мера ги нарушуваат нивните национални интереси, сопствената економија, благосостојбата на своите граѓани“ – истакна Путин.
Тој додаде дека продолжувањето на политиката на „опседнатост со санкции“ кон Русија ќе доведе до најкомплицирани и речиси неповратни последици за граѓаните на Европска Унија и за најсиромашните земји во светот.