Новата Влада во Словенија која ќе ја формира Роберт Голоб најверојатно ќе има двајца поранешни премиери, чии партии се откажаа од парламентот, објавуваат словенечките медиуми.
Се одвива средба на Голоб со претседателката на социјалдемократите – Тања Фајон и претседателот на Левицата – Лука Месец, по што заеднички ќе го соопштат составот на идната Влада.
Министерските позиции се резервирани за главните партнери на Голоб во владата, додека партијата на Фајон ќе го преземе МНР и европски прашања, а партијата на Месец ќе ги земе министерствата за социјална и младинска политика.
Словенечките медиуми наведуваат дека Голоб сакал поранешниот премиер Марјан Шарец да влезе во новата Влада, како и поранешната премиерка Аленка Братушек.