Заменик-директорот на Царина си поднесе оставка
„Искрено им се заблагодарувам на Алијансата за Албанците за нивната континуирана доверба и поддршка, на претседателот на нашата партија, Арбен Таравари, како и на секој колега, соработник и граѓанин кој застана покрај мене на ова патување“, пишува Каба на својот Фејсбук профил.
Заменик-директорот на Царината на Македонија, Гарип Каба, преку објава на Фејсбук објави дека поднел оставка од функцијата во Царинската управа.
„Денес ја потпишав мојата оставка од функцијата заменик-директор на Царина. По еден период на одговорност како заменик-директор на Царина на Република Северна Македонија, решив да го затворам ова поглавје од мојот јавен ангажман. Ова не беше лесна одлука, туку добро осмислен чекор, пресвртница што ми дава простор за размислување, понатамошен развој и подготовка за нови предизвици.
Горд сум на патувањето што го направивме заедно, на нашите заеднички напори за пофер, потранспарентна и поефикасна администрација. Имав чест да служам со посветеност и чесност, соочувајќи се со предизвици што нè направија посилни и посвесни за важноста на силните институции“, порачува Каба, кој доаѓа од крилото на Таравари во Алијанса за Албанците.