СДСМ: Предлогот Славески да биде гувернер значи погребување на последната независна институција
СДСМ порача дека остро ќе се спротивстави на изборот на Трајко Славески за гувернер на Народната банка. Според партијата, невиден преседан е да се дозволи, како што велат, класичен партиски пиун да ја води оваа важна финансиска институција, каде што досега секогаш имало независни експерти на функцијата гувернер.

-Трајко Славески е човекот за кој 9.000 денари минимална плата се „многу пари“. Тој е перјаницата на Мицкоски против интересите на работниците. Гувернер ќе стане економистот кој е познат како најголем непријател на идејата за покачување на минималната плата, како и непријател на правилното пресметување на потрошувачката кошничка за четиричлено семејство – човекот кој, додека ги водеше финансиите на земјата, жестоко ја раскрчмуваше и задолжуваше државата, порачуваат од „Бихаќка“, потенцирајќи дека Славески е висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ кој беше близок соработник и на екс-премиерот Никола Груевски, министер во неговата влада која ги понижуваше работниците и ги третираше како евтина работна сила.
СДСМ информира е длабоко разочаран и од полтронскиот однос на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
-Нејзиното потклекнување пред барањата на Мицкоски е доказ дека ниту некогаш била независна, ниту пак во иднина ќе донесе независна одлука. Таа, како и сите претходни претседатели избрани од ВМРО-ДПМНЕ, е тука само за да исполнува партиски наредби. Имаше можност да застане зад сопствен избор, да промовира независна и стручна личност, но реши да ја наведне главата пред Мицкоски, стои во партиското соопштение.