
Мицкоски го обвини Османи за неможноста да почнеме преговори со ЕУ
Премиерот повторно го обвини екс-министерот за надворешни работи, Бујар Османи дека направил голема грешка во минатото и преговарал за македонскиот идентитет. Порача дека тоа „нема да го заборави и нема да заборави каква штета нанел на народот, преку непочитување на своите граѓани“. Вели ќе бараат начин за решавање на проблемот – „дали оваа генерација или некоја следна, ќе го реши“.
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека има добри односи со високата претставничка на ЕУ за безбедносна и надворешна политика, Каја Калас, во пресрет на нејзината утрешна посета на земјава. Истакнува дека треба да градиме подеднакво доверба со сите соседи, вклучително и Бугарија. Уште еднаш порача дека „немаме никакви проблеми да го прошируваме Уставот со дел од Хрватите кои живеат овде, Црногорците, Словенците…,но имаме проблеми да прифаќаме ултиматуми“.
Вели дека нема никогаш да си дозволи да преговара за нешто што претставува голем проблем за македонските, албанските, турските и другите граѓани во Македонија кои се составен дел од Уставот.
Премиерот повторно го обвини екс-министерот за надворешни работи, Бујар Османи дека направил голема грешка во минатото и преговарал за македонскиот идентитет. Порача дека тоа „нема да го заборави и нема да заборави каква штета нанел на народот, преку непочитување на своите граѓани“. Вели ќе бараат начин за решавање на проблемот – „дали оваа генерација или некоја следна, ќе го реши“.
-Ќе остане во колективната меморија каква штета нанесе тој човек. Ако тој не го почитува својот сосед, тогаш не го почитува ниту своето семејство ниту својот народ. Тој проблем што тој човек го направи не доведе во ваква ситуација – од шампиони во регионот и во Европа, да не можеме да почнеме преговори со ЕУ. Верувам дека ќе најдеме решение, ќе изнајде ЕУ механизми за да го добиеме местото на заслужената маса, рече Мицкоски при посетата на општина Желино.