„Во дослух со Шопов“: Средба со поети, членови на ПЕН центарот и добитници на наградата „Ацо Шопов“ во Сити мол

Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на отварањето на Деновите на поезијата, со фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ во Скопје Сити мол, ја најави средбата со современите македонски поети, членови на ПЕН центарот и добитници на наградата „Ацо Шопов“, која ќе се одржи, вечерва, среда 21 мај, од 19 до 20 часот, под наслов „Во дослух со Шопов“.

– Ми причинува големо задоволство што во својство на претседател на Македонскиот ПЕН центар ќе имам можност да ја анимирам оваа поетска вечер во која ќе учествуваат петмина современи поети со чии стихови македонската поезија го премина прагот на третиот милениум, изјави Мартиновски. Со Зоран Анчевски, Славе Ѓорго Димоски, Гордана Михаилова-Бошнакоска, Раде Cилјан и Иван Џепаровски ќе разговарам за нивната поезија како и за нишките кои ја поврзуваат нивната поетика со поетиката на Шопов, а се разбира акцентот ќе биде ставен на нивните стихови.

За „допирот на генерациите“ ќе дознаеме повеќе од „Диптихот“ Санде Стојчески, роден во 1948 година, и Павлина Атанасова, родена речиси половина век подоцна, кои исто така во вечерва ќе разменат мислења на оваа тема и ќе прочитаат свои стихови.

Мартиновски го привлече вниманието на публиката и на разговорот тема „Македонско-грчки поетски координати“ кој ќе се одржи истио, вечер.

– Двајца млади творци, Сотирис Минас, кој дојде од Атина специјално по овој повод, и Иван Антоновски, ќе разговараат за мостовите кои преку поезијата се граделе, се градат и ќе се градат меѓу нашите две култури и нашите два народа, подвлече Мартиновски.