Сопственикот на „Беса транс“ на ФБ: Патниците ги сметавме за фамилија

Беким Хаџиу – сопственик на компанијата „Беса транс“ на својот Фејсбук профил изрази сочувство на семејствата на жртвите од сообраќајката во која 45 македонски граѓани ги загубија животите во Бугарија на враќање од Турција.

,,Алах да им даде рај на починатите, а на повредените што поскоро опоравување. Овие зборови ги кажувам со жалење и со повредено срце. Тие беа исто така наше семејство, бидејќи секогаш кога патувавме и патниците ги сметавме за фамилија. Четири дена бевме заедно во Истанбул и забележав дека повеќето и порано доаѓале со нас на тури со нашите автобуси за Истанбул. Овие тестови се од Алах и верувам дека се прифатени од секој верник, неговата волја не може да биде променета ни за минута и бараме од Алах никого да не тестира” – напиша Хаџиу на ФБ.

Надлежните власти во Македонија вчера соопштија дека е отворен предмет за компанијата се со цел расчистување на сите ситуации поврзани со несреќата.

Бугарските власти, пак, не ги исклучуваат сите верзии за тоа како настанала несреќата, се собираат докази,и засега нема дефинитивна верзија за причините за несреќата.