Ковачевски, кандидатот за нов лидер на СДСМ, има три стана во Скопје!

Актуелниот заменик министер за финансии, Димитар Ковачевски кој вчера рече дека ќе се кандидира за прв човек на СДСМ според она што го има пријавено во анкетниот лист има три стана во Скопје, и тоа со 70, 83 и 94 метри квадратни.

Во анкетниот лист уште стои дека Ковачевски вози автомобил марка „поло“, додека неговата сопруга вози „пасат“.

Во пријавата која до надлежните институции ја навел кога станал заменик министер Ковачевски вели дека има и акции (не е пријавено каде и колку), а добива и дивиденда.

Поседува и неколку денарски и девизни сметки.