
Концерт „Ѕвездена Симфонија“ на битолскиот Камерен оркестар со диџеј Шилер и македонски поп ѕвезди
Битолскиот камерен оркестар, диџеј Шилер и повеќе македонски музички поп-рок ѕвезди се подготвени за четири часовен концертен спектакл кој на 20 мај ќе се одржи во скопската арена „Борис Трајковски“.
Битолскиот камерен оркестар, диџеј Шилер и повеќе македонски музички поп-рок ѕвезди се подготвени за четири часовен концертен спектакл кој на 20 мај ќе се одржи во скопската арена „Борис Трајковски“.
Во пресрет на концертот, диригентот на битолскиот Камерен оркестар Владимир Димовски изјави дека очекува полна сала во Скопје, исто како што минатата година беше полн градскиот стадион во Битола.
-Старс симфони (Star’s Symphony) е проект, спектакуларен настан кој продолжува по концертот одржан минатата година на градскиот стадион во Битола која беше проследен од 5000 посетители. Овој пат на барање на скопската публика одлучивме да одржиме концерт во Скопје. Првиот дел од проектот содржи ЕмТиВи хитови од 80-те и 90-те години (MTV 80s & 90s The greats Hits), а потоа ќе настапи диџејот Шилер во наша придружба, посочи Димовски.
Во пресрет на гостувањето во Скопје, германскиот диџеј Шилер најави дека публиката ја очекува прекрасна музичка ноќ.
-Големо е задоволството да се настапи во Македонија. Привилегија е да се музицира во Скопје и очекувам прекрасна музичка ноќ. Се надевам на повеќе концерти низ Македонија бидејќи ги сакам луѓето, љубезно сум прифатен и со задоволство доаѓам да бидам дел од големиот концерт, посочи Шилер.
Во арена „Борис Трајковски“, на 20 мај, заедно со битолскиот Камерен оркестар ⋮IWConnect ќе настапат македонските поп-рок ѕвезди Андријана Јаневска, Наде Талевска, Викторија Лоба, Јана Бурческа, Полина Тасева, Лара Иванова, Ана Петановска, Кристина Жежкова од Бугарија, Јасна Димитровска, Горан Наумовски, Огнен Димовски, Мила Николовска, Теодора Матеска и поп-рок хорот БИТВОКС.