Во сабота се навршуваат 40 дена од трагедијата во Кочани – Студентското пленумско движење повикува на мирен собир

Студентското пленумско движење повикува на мирен собир со почеток во 17.00 часот во петок на платото на УКИМ, по повод 40 дена од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Студентското пленумско движење повикува на мирен собир со почеток во 17.00 часот во петок на платото на УКИМ, по повод 40 дена од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Студентите потоа ќе се упатат кон Основен кривичен суд каде ќе се започнат 62-минутен молк.

„Во сабота се навршуваат 40 дена од злосторството во Кочани. Огнот и отровниот чад во Пулс одземаа цела генерација младост на еден град. Пролетта во него пристигна завиена во црно. Ве повикуваме во петок, на 25.4.2025 година на мирен собир преку кој ќе оддадеме достојна почит на врсниците кои веќе не се меѓу нас и поддршка на нивните фамилии.“ велат во објава на инстаграм.