Без конретен договор заврши новата двочасовна рунда преговори меѓу СОНК и Министерството за образование.
Повторно се чини на маса имаше нов процент за покачување на платите на просветарите, но нема договор.
Првиот синдикалец, Јаким Неделков вели дека иако нема напредок – оптимизам има. Истакна дека под знак прашалник и остануваат дневниците на наставниците и воспитувачките за деновите во штрајк, што според Неделков може да ги наруши преговорите.
„Доставивме барање, иницијатива до МОН за исптлата на дневници врз основа на колективен договор, имаме основ за таа работа и скоро сме сигурни дека ќе бидат исплатени во дејноста образование. За жал имаме проблем во МТСП со детска заштита, има навистина сериозен проблем каде што еве до ден денес нема сигнал дека таму ќе бидат исплатени дневниците, може да биде сериозен проблем во нарушување на процесот на преговори“ – рече Неделков.
Од Министерство за труд и социјална политика, медијаторите во процесот на преговори, велат согласно законите и колективниот договор исплатата на плата и надоместоци од плата е согласно закон.
Очекуваат предучилишните установи да ги почитуваат одредбите од наведените прописи при исплата на платите и надоместоци во време на штрајк.
„Возможно е многу скоро да се дојде до заедничко решение кое што ќе значи прекин на штрајкот и покачување на платите во образоаванието, но да оставиме преговарачот и двете страни да ги водат преговорите.“ – изјави Јованка Тренчевска – министерка за труд и социјална политика.
Синдикатот го стави во мирување штрајкот кој траеше две недели откако добија известување дека МОН пристапува кон мирно решавање на спорот.
Максималниот рок на мирното решавање на споровите е 20 дена, а првичниот рок е 10 дена, кои истекуваат в недела, за кога е закажана и новата рунда преговори.