Во главниот град на Куба – Хавана денеска се случи страшна експлозија, комплетно уништен е хотелот „Саратога“.
Полицијата и пожарникарите под урнатините трагаат по преживеани, јавуваат медиумите. Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата во хотелот во центарот на градот.
Очевидци опишале дека експлозијата била масовна, уништила автобуси и автомобили кои биле пред хотелот.
Ова здание е изградено во 1930-тите со 96 соби, а повторно е отворен – реновиран во 2005 година.