Ахмети контра Пендаровски: Споменикот во Слупчане е по закон и процедура!

Али Ахмети – лидерот на владејачката ДУИ вели дека споменикот на ОНА во липковско Слупчане е поставен според сите процедури и законски норми и ги повика институциите за било каков сомнеж да се направи контрола на проектот.

„Се е во согласност со законите во државата и нема ништо надвор од стандардите и законите“- вели Ахмети.

Вчера, пак, Претседателот на државата, Стево Пендаровски во тв гостување рече дека споменикот посветен на ОНА во Слупчане е дивоградба. Тој потенцираше дека претходната влада составена од експерти и урбанисти утврдила дека над 90% од спомениците и сето она што е изградено во Скопје како дел од проектот „Скопје 2014“, исто така се дивоградби.