Претседателот на Украина – Володимир Зеленски рече дека во руските напади уништени се стотици болници, а лекарите останале без лекови за лекување на рак и не можат да вршат операции.
Во видео пораката на украинскиот претседател се вели дека многу места на истокот и југот на Украина, каде што се водат главните битки, недостасуваат дури и основни антибиотици.
„Ако ја погледнеме само медицинската инфраструктура, до денеска, руските сили уништија или оштетија речиси 400 здравствени установи: болници, породилишта, клиники“ – вели тој.
„Воопшто нема лекови за третман на болните од рак. Речиси и да нема инсулин за дијабетичари. Невозможно е да се извршат операции. Нема ниту антибиотици“ – потенцира украинскиот претседател.