Се распадна бендот „Прљаво казалиште“?!
„Се случи она што со месеци се шпекулираше на музичката сцена. Нема веќе Прљаво Казалиште, барем не како што го знаеме со години“ пренесува хрватски „Јутарњи лист“.
Бендот во 1979 година го издаде својот прв ЛП наречен „Прљаво казалиште“, а денес, според пишувањето на хрватските медиуми, пејачот Јасенко Хоура и тапанарот Тихомир Филеш, основачите на бендот, веќе не зборуваат.
Уште лани се зборуваше дека членовите на бендот имаат различни музички визии и желби, па наместо да се смират страстите, да се заборават лошите денови, работата ескалирала и резултирала со распад на бендот. Има најави и за можни тужби.
Наводно, проблемите настанале кога Хоура почнал да работи на самостојни проекти под името „Прљаво казалиште“, кои Филеш решил да ги забрани.
Оваа хрватска група настанала во 1977 ходина.
Првично настапувале во музичкиот состав „Џифершлус“, во кој свиреле Даворин Боговиќ, Зоран Цветковиќ, Нинослав Храстек и Тихомир Филеш.
Откако им се придружил и Јасенко Хоура, тие го смениле името во „Прљаво казалиште“, а за името на групата се инспирирале од една епизода од стрипот „Алан Форд“.
Во 1985 година, Младен Бодалец ѝ се придружил на групата и го зазел местото на Даворин Боговиќ.