Брнабиќ: Србија донира 3 милиони евра за децата и раселените од Украина
Премиерката на Србија – Ана Брнабиќ на донаторска конференција за Украина која се одржува во Полска донираше 3 милиони евра за помош на децата и раселените внатре и надвор од Украина.
„Србија е свесна за важноста и потребата да се обезбеди хуманитарна помош за цивилите во конфликтни ситуации, особено на децата како исклучително ранлива категорија на населението. Затоа, Србија ќе додели хуманитарна донација во износ од три милиони евра за помош на децата, како и на раселените лица во и надвор од Украина, кои ќе бидат испратени преку системот на ОН, од кои 1,5 милиони преку Фондот за деца на ОН (УНИЦЕФ) и 1,5 милиони преку УНХЦР“ – соопштија денеска од Владата на Србија.
Брнабиќ рече дека нејзината земја посветува посебно внимание на последиците на цивилното население, тешката хуманитарна ситуација и зголемувањето на бројот на бегалци и внатрешно раселени лица.
, и додаде дека е потребно создавање на услови за испорака на хуманитарна помош и поддршка на сите напори за прекин на конфликтот.
„Граѓаните на Србија сочувствуваат со граѓаните на Украина во нивната желба да се вратат во нормален живот во кој идните генерации ќе живеат без страв од војна“ – порача Брнабиќ.